(Видео) Украина гаѓаше цел на 200 км од Москва: Целта била стратешките бомбардери

Украински дронови го нападнале градот Рјазан на 500 километри од границата на фронтот во Курск. Градот се наоѓа на 200 километри од Москва.

Снимката од експлозијата која кружи на социјалните мрежи сугерира на сериозен напад. Мета на беспилотните летала била воздухопловна база каде имало стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво.

– Силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана соборија три беспилотни летала над регионот Рјазан – изјави Павел Малков гувернерот на регионот Рјазан.

Украинците пробале да го погодат и пристаништето Новоросијск, каде се стационирани ракетни носачи.

Украинската војска се борi да ги задржат териториите заземени во офанзивата во Курск, а истовремено Русите напредуваат во Источна Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: