(Видео) Употребена пиротехника во затворен простор во финалето од втората кошаркарска лига: На натпреварот присутен градоначалникот на Гази Баба – Каде е Панче Тошковски?!

Во вчерашното финале од втората лига во кошарка помеѓу Маџари и Ангели употребена се истите пиротехнички средста кои најверојатно го предизивикаа пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, таканаречени прскалки.

Натпреварот како и сите останати официјални натпревари е во организација на Кошаркарската федерација на Република Македонија.

Од пред речиси месец дена Томица Главчев и официјално е нов претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија откако бизнисменот ја доби довербата на сите делегати присутни на денешното Вонредно Собрание на КФСМ.

Досегашниот претседател Перо Антиќ не свика Собрание во предвидениот рок по поднесената иницијатива за негова недоверба беше организирано од клубовите потпишани на иницијативата. Клубовите едногласно му искажаа недоверба на Антиќ, со што заврши неговиот шестгодишен престој на чело на КФСМ.

По трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 лица беа повредени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше донесено ново законско решение со кое се забранува била каква употреба на пиротехника во затворен простор.

Собранието на Македонија со 83 гласови „за“ и еден „против“ беа донесени измените на Законот за прекршоци против јавниот ред по скратена постапка, со којшто се забранува употреба на пиротехника во затворен простор.

Со предложениот Закон, за кој не беа поднесени амандмани, се врши интервентна измена во Законот како резултат на трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Со измените не е дозволена употреба на пиротехнички средства во објекти и простории од затворен тип, а двојно се зголемени и прекршочните глоби за физичките и правните лица кои постапуваат спротивно на забраната. Доколку прекршокот се повтори, се предвидува притвор.

Со измените е предвидено и полицијата да добие зголемени надлежности при постапување и при превенција на нарушувањето на јавниот ред и мир.

Она што е дополнително проблематично е што ваков спортски настан мора да го обезбедува македонската полиција, доколку било тоа така зошто полицијата на Панче Тошковски не спречила употреба на пиротехника во затворено иако токму ВМРО-ДПМНЕ предложи да се донесе ваква забрана.

Дополнително проблематичен за власта е и фактот што на настанот присуствувал и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски пред чии очи била запалена пиротехниката.

МВР мора да одговори кој ја донел пиротехниката, дали имале лиценца, дали истата била важечка и зошто полицијата дозволила да во затворен простор биде внесен пиротехнички материјал спротивно на Закон само два месеци по големата трагедија во дискотеката Пулс.

Пронајдете не на следниве мрежи: