На натпреварот од 17. коло од англиската Премиер Лига помеѓу Њукасл и Фулам бевме сведоци на брутален фаул на напаѓачот на Фулам кој доби црвен картон и мораше да го напушти теренот.
Имено, во 23. минута Раул Хименез невнимателно го нападна Шон Лонгстаф кој остана да лежи извесно време по стартот. Главниот судија на натпреварот Семјуел Барот немаше друг избор освен да му покаже директен црвен картон. Интересно е што тоа го направи дури по проверката во ВАР собата, иако од почетокот веќе беше јасно за каков прекршок се работи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.