недела, 15 ноември 2026
Најново

(Видео) Хаос во белградско училиште, родителите на ученици побарале да разговараат со директорот, но биле спречени од чуварот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Родителите на учениците кои го посетуваат белградското основно училиште „Милена Павловиќ Барили“ утрово се собраа пред училиштето за да им дадат поддршка на наставниците.

Како што може да се види на видеото кое кружи на социјалните мрежи, во еден момент влегле во зградата барајќи да разговараат со директорот за повеќе да не врши притисок врз вработените. Меѓутоа, како што се истакнува во објавата, директорот побегнал, а родителите му се јавиле и побарале да закажат средба со него утре во осум часот наутро.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Како што се наведува во објавата на социјалните мрежи, тие сакале мирно и достоинствено да разговараат со новоименуваниот директор на училиштето, Милан Ѓукиќ, но во тоа биле спречени од маж, за кој се претпоставува дека е вработен во училиштето.

ЛИНК од видеото

Поврзани вести