(ВИДЕО) Холивудските ѕвезди на црвениот тепих

Холивудските ѕвезди пристигнуваат на црвениот тепих пред театарот „Долби“ во Лос Анџелес каде ќе одржи официјалнато доделување на Оскарите, а церемонијата во живо ја пренесуваат бројни медиуми. Доделувањето на престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки се одржува по 96 пат. Водител на шоуто ќе биде Џими Кимел.

Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации. Филмот „Убијци на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има осум номинации.

Рајан Гослинг

Во категоријата за најдобар филм се номинирани: „Американска фикција“, „Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“.

Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун.

Бредли Купер

Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Меконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди. 

Кирстен Данст

Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни, кои ќе бидат изведени на оскаровската сцена.

Пронајдете не на следниве мрежи: