(Видео) Хорор во Торино: Туристички автобус без патници падна во реката По, загина возачот

Во Торино во средата се случи несреќа со туристички автобус при што загина возачот кој беше единствениот во возилото.

Според „Ла Република“, возачот возел во рикверц или затоа што тргнал по погрешен пат или затоа што не се чувствувал добро. Во текот на своето патување, автобусот удрил во три жени, кои се здобиле само со модринки.

„Видов автобус како оди со лудачка брзина, удри во камената ограда, за момент избалансираше, а потоа падна. Возилото удрило и во жена, без да ја повреди. Истрчавме со појаси за спасување, а во меѓувреме пристигнаа и деца од веслачки клуб. Удиравме со чекан, го скршивме прозорецот на автобусот, а тие го извлекоа возачот. Не изгледа како да имало други луѓе во автобусот“, вели сопственик на бар во близина.

„Момчињата од веслачкиот клуб 20 минути се обидуваа да го вратат во живот возачот, чекајќи помош. Првите на местото на настанот пристигнаа пожарникарите, кои го блокираа спуштањето, а потоа пристигна брзата помош, но се плашам дека човекот не успеа“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: