(Видео) Чудото на Христовиот гроб – Слегувањето на Благодатниот оган

Воскресението Христово (Пасха), е најголемиот настан за христијаните, кој ја претставува победата над гревот и смртта и почетокот на светот, искупен и осветен од Господа Исуса Христа.

Во текот на 2000 години, православните христијани го дочекуваат својот празник во Храмот на Гробот Господов (Воскресение) во Ерусалим. Овде, во најголемата светост за христијаните, се наоѓа Гробот, каде што бил погребан и воскреснат Христос. Во неговата околина се наоѓаат многу свети места, каде Спасителот беше суден и казнет за нашите гревови. Таму се наоѓа и крстот на кој беше распнат.

Секогаш на Пасха, оние кои се наоѓаат во и близу до храмот, стануваат сведоци на слегувањето на Благодатниот Оган. Благодатниот Оган не го палат луѓе, туку слегува од Господа и притоа на поклониците им носи чувство на духовно исцелување, а на болните и немоќните им дарува телесно исцелување и со тоа се потврдуваат голем број настани кои ни се добро познати од Библијата. Благодатната Светлина во храмот не се јавува само во овој век.

Според сведоштвата на апостолите и светите отци, несоздадената светлина (оган) го осветлила гробот Господов уште при самото Воскресение Христово, а ја видел ап. Петар, кој рано утрото дотрчал кај празниот Гроб.

На тој начин, уште од апостолско време, сите православни секоја година го празнувале јавувањето на Светата Светлина, Благодатниот Оган во Светиот Гроб, кој со своето слегување ги уверува христијаните дека Христос навистина воскресна.

Благодатната Светлина која слезе на Гробот Господов при Неговото Воскресение ја посведочија и апостолите евангелисти.

Литијата на Светиот Оган почнува приближно дванаесетиот час (околу 12 часот напладне во Страсната Сабота) пред почетокот на православната Пасха, која не се совпаѓа со римокатоличката и протестантската Пасха, кои се слават по Григоријанскиот календар. Во Храмот на гробот Господов почнуваат да се собираат поклониците кои сакаат со свои очи да ги видат чудесните настани.

Мнозинството од верниците се православни, меѓутоа секогаш има и инославни христијани, муслимани, атеисти, а присуствува и еврејската полиција. Во храмот има околу 10.000 души, целиот плоштад пред него и терасите на околните згради се полни со народ. Бројот на присутните е поголем од капацитетот на храмот, па затоа и на поклониците не им е лесно.

На средината од Живоносниот Гроб се поставува кандило полно со масло, но без оган. Преку целиот гроб се распостилаат парчиња памук, а на краевите се ставаат украсни ленти. Така подготвена, по проверката од еврејската полиција, Кувуклија (кулата над Гробот Господов) се затвора и запечатува од локалниот клучар.

Во половината на вториот час одекнува камбаната на патријаршијата и оттука почнува литијата.

Дваесетина минути по запечатувањето на Кувуклија во храмот се приклучува и православната арапска младина, чие присуство, исто така е задолжителен елемент на пасхалните празнувања. Младите еден друг се носат на рамена. Се однесуваат многу весело, извикуваат, ја молат Мајката Божја и Господа да им го дарува на православните благодатниот оган.

Литијата приоѓа кон Кувуклија и трипати ја обиколува. Потоа православниот патријарх останува спроти влезот на Кувуклија; нему му ја соблекуваат свечената облека и тој останува само со платнената мантија, за да се гледа дека во пештерата не внесува кибрит или нешто друго со што би можел да го запали оганот.

Потоа на патријархот кој е веќе во пештерата, му подаваат голема свеќа која, како главна треба да биде запалена од огнот, и 33 свеќи – според годините кои ги имаше Спасителот на земјата. Во пештерата влегуваат православниот патријарх и ерменскиот, кој исто така, пред влегувањето се соблекува само на расо. Ги запечатуваат внатре со големо парче восок и црвена лента на вратата; православните служители ставаат свој печат. Тогаш во храмот се исклучува светлото и настанува напрегната тишина – очекување. Присутните се молат и ги исповедаат своите гревови, молејќи го Бога да им го дарува Благодатниот Оган.

Молитвата и обредот продолжуваат до моментот кога ќе се случи од сите очекуваното чудо. Секоја година очекувањето на огнот трае од 5 минути, па до неколку часови.

Пред слегувањето почнуваат да засветлуваат искри од Огнот (кои добро се гледаат на видеоснимките); насекаде низ храмот се забележуваат малечки молњи.

Поклониците велат дека пред слегувањето на огнот врз Кувуклија, се појавува нешто слично на молња, а меѓу неа и небото се појавува силен светлосен столб. Исто така велат дека во моментот на слегувањето Гробот Господов е осветлен од силна светлина. Веднаш потоа целиот храм се исполнува со молњи и светли точки, кои се извиваат по ѕидовите и столбовите, се сливаат во неговото подножје, за потоа да се разлеат по плоштадот меѓу поклониците.

Како што сведочат видеоснимките, современите и средновековните поклоници, кандилата (освен оние на римокатолиците), кои се наоѓаат близу до Гробот Господов, во други делови од храмот, сами се палат. Целиот храм се исполнува со неспоредлива светлина, која, како што велат, првпат се појавила при Христовото Воскресение. Тогаш ги отвораат вратите од Гробот и излегува православниот патријарх, држејќи 33 свеќи во рацете, со кои ги благословува присутните. По него излегува Ерменскиот патријарх, исто така со свеќа која гори со син пламен. Во храмот се разнесува радосен џагор, луѓето ликуваат, многумина плачат од радост.

Како се разгорува Благодатниот Оган?

Историјата ни сведочи дека Благодатниот Оган пали од незапаливи материи. Градоначалниците – муслимани се обидувале да го спречат слегувањето на Благодатниот Оган кој ја зацврстувал верата на православните луѓе. Во раното средновековие, еден халиф се обидел да го спречи слегувањето на Благодатниот Оган, кој ги ободрувал омразените христијани, и наредил во сите кандила наместо фитил да стават железо … Но, борбата со Господа не успеала – и покрај тоа кандилата гореле, пишува „Премин Портал“.

Слегувањето на Благодатниот оган можете да го проследите во живо на видеото подолу:

https://www.youtube.com/watch?v=FFOzir87Yk77SFDH
Powered by how to get embed code from youtube and sms lån som beviljar alla

Пронајдете не на следниве мрежи: