(Видео) Шаровиќ: На техничарот му скршија 3 заба, тројца сме со модрици а никој не е уапсен

Епилогот на вчерашниот напад на екипата на „КТВ“ Србија според новинарот Немања Шаровиќ е дека на техничарот што бил со него на терен му се скршени 3 заба, тројца од тимот имаат бројни модрици и отоци, камерата и опремата се сериозно оштетени а ниеден напаѓач не е приведен. Шаровиќ ова го напиша на социјалната мрежа „Икс“. Шаровиќ и екипата на „КТВ“ беа нападнати вчера додека известуваа од собирот на владејачката партија во центарот на Белград.

Пронајдете не на следниве мрежи: