Загрижени граѓани до редакцијата на Инфомакс испратија видео од РЕК Битола денес попладне, на кои од оџаците се гледа дека излегува кафен чад, што не личи на водена пареа, бидејќи пареата има само бела боја.
Во 2016 година европското Здружение за здравје и животна средина го прогласи РЕК Битола за најголем загадувач во Македонија и втор најголем загадувач во Европа.
РЕК Битола според нив на годишно ниво испушта околу 2.700 тони ПМ 2,5 честички во воздухот, што ја позиционира веднаш зад термоелектраната „Косово А“ која се наоѓа во близина на Приштина. РЕК Битола е на европскиот врв и според емисијата на сулфурен диоксид СО2, со околу 67 илјади тони годишно.