Првиот вицепремиер Изет Меџити уште во јуни 2024 година го најави назначувањето на Мустафа Имери за директор на Филхармонија.
Тогаш министерот за култура, Зоран Љутков, рече дека има конкурс и дека ќе се избере кандидатот што ги исполнува законските услови, а не знаеше ни дали Имери ги исполнува законските услови.
Но еве неколку месеци подоцна Имери бидна директор на Филхармонија и тоа со потпис од Љутков. Документот беше објавен вчера.

Претходно вработените во Филхармонија реагираа и бараа да не се назначува партиски човек туку професионален кадар.