(Видео) Ѓоковиќ до Надал: Не оставај го тенисот, остани уште малку со нас

По победата над Надал на турнирot во Ријад, Ѓоковиќ му порача на Шпанецот да не се повлекува од играњето, туку да продолжи да игра тенис.

„Ќе се вратам на првиот натпревар кога игравме во 2005 година. Мислам дека беше… Знаете, кој би помислил дека ќе стоиме овде по 20 години, со повеќе од 60 меѓусебни натпревари на најголемиот етапа во овој спорт, рече Ѓоковиќ.

Новак со овој триумф стави точка на големото ривалство со Надал.

„Јас имам само најголема почит кон тебе, ти си неверојатен спортист, неверојатна личност. Знаеш дека нашето ривалство беше големо и интензивно и се надевам дека сега ќе можеме да одиме некаде на плажа, со пијачка, да се сеќаваш на сè и да будиш спомени, да се забавуваш за животот и нешто друго Честитки до твојот тим и твоето семејство за се, за твојата одлична кариера“, емотивно изјави Ѓоковиќ.

По 60 меча, на тенисерот му беше изигран последниот, на кој љубителите на тенисот не ни помислуваа кога тенисерите беа во својот врв. Сепак, во последните години кариерата на Надал е во слободен пад, најмногу поради повредите, додека Ѓоковиќ истрајува на сите предизвици.

„Знам колку семејството треба да се жртвува за кариерата и животот на професионален тенисер, можам само да замислам низ што помина семејството низ сите ваши подеми и падови“, додаде Новак.

Новак Ѓоковиќ е единствениот кој седум пати по ред го победи Надал. Надал во кариерата има освоено 22 Грен слем турнири, а Ѓоковиќ е рекордер со 24. Досега девет пати играле во финалето на Грен слем турнирите и резултатот е 5:4 за Надал.

„Семејството заслужи се што Рафа постигна во кариерата. Уште еднаш е голема чест како што веќе ви кажав на интернет, неверојатна чест да го споделам теренот со тебе, ова е емотивен ден, емотивен момент… Ние игравме толку многу натпревари, години… Не оставај го тенисот, остани уште малку со нас… Голема благодарност не само од мене туку и од целиот тениски свет, оставивте неверојатно наследство“, истакна Ѓоковиќ.

Надал му се заблагодари на Ѓоковиќ за убавите зборови.

„Ти благодарам за се, за она што го кажа и за сите моменти што ги споделивме на теренот. Секогаш ме туркаше да ја надминам мојата граница цели 15 години. Ти благодарам за тоа, веројатно немаше да бидам играчот што сум без него Честитки за сите титули и ти посакувам се најдобро во иднина“, рече Надал и призна дека ќе му недостига се, но и дека ги исполнил сите свои соништа.

Надал крајот на кариерата ќе го официјализира на финалето на Дејвис купот во Малага, кое ќе се одржи од 19 до 24 ноември. Шпанија четвртфиналниот дуел ќе го игра против Холандија, а доколку се пласира во полуфиналето ќе игра против победникот од пресметката меѓу Германија и Канада.

Пронајдете не на следниве мрежи: