Организаторите на турнирот, како што пренесе РТС, соопштиле оти се работи за несреќен случај кога момче од трибините се наведнало на оградата за да земе автограм од Новак, но шишето со вода му се лизнало од ранецот и го погодило тенисерот по глава
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е удрен со шише во глава додека давал автограми по мечот против францускиот тенисер Корентин Муте, во второто коло на Мастерсот во Рим, јави Радио-телевизија Србија.
Un episodio spiacevole si è verificato al termine della partita vinta da Novak Djokovic contro Moutet, presso il Centrale dell’ATPRome.
Una bottiglia o borraccia di plastica lo ha colpito alla testa, causando anche una fuoriuscita di sangue.
Al momento, non sono ancora chiare le… pic.twitter.com/xbD0kQGZpg— Franz Russo (@franzrusso) May 10, 2024
По победата над Муте, како што пренесува српскиот радиодифузен сервис, Ѓоковиќ се потпишувал на предмети за навивачите, кога од трибините излетало спортско шише и го погодило во глава.
Someone threw a water bottle at Novak Djokovic’s head when he was signing autographs.
He ends up on the floor.
Absolutely disgusting behavior from whoever did this.
The world is becoming a very sad place.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) May 10, 2024
По ударот, како што може да се забележи и од видеата од инцидентот објавени на социјалните мрежи, Ѓоковиќ останал кратко да лежи на подот, по што добива помош од неколку лица, а потоа со нив оди во соблекувалната.
Организаторите на турнирот, како што пренесе РТС, соопштиле оти се работи за несреќен случај кога момче од трибините се наведнало на оградата за да земе автограм од Новак, но шишето со вода му се лизнало од ранецот.
Поради инцидентот, откажана е прес-конференцијата што Ѓоковиќ требаше да ја одржи по мечот.