(Видео) Ќосето по снимката со поддршка за Влен: Вие ме нарекувате предавник, а јас лежев за Македонија!“

Осум години од мојот живот ги поминав далеку од семејството, децата пораснаа без мене – сето тоа за Македонија.

И денес, поради исечени и монтирани клипови, ме нарекуваат „предавник“. Јас се борев во 2001 година додека други се криеја. За 27 април ме осудија како „терорист“, ја оставив фамилијата и заминав во затвор, а токму тие за кои се борев најмногу плукаат.

Се замерував со Бугари, со Албанци, јавно застанував за државата – а вие? Знаете ли кои сте и за што стоите? Не заслужувате човек да мрдне со прст за вас. Љубомората кон мојата големина ве заслепува.

Ако мислите дека е лесно – ете, пробајте вие да лежите и да се борите, можеби и вас ќе ве наречат „предавници“. Црното добро ми стои, а негативната реклама е сепак реклама. Ви благодарам на сите што ме плукавте – искрено, благодарам и пријатно!

Ова е видеото поради кое го навредуваат Ќосето

Пронајдете не на следниве мрежи: