(ВИДЕО) Aсистенцијата на годината во НБА лигата му припаѓа на Јокиќ

Никола Јокиќ се врати на терените, а во својот прв натпревар „експлодираше“ во соочувањето со Милвоки Бакс со трипл-дабл партија од 39 поени, 10 скока и 10 асистенции.
Србинот беше нерешлива енигма за Бакси и со своето издание го предводеше Денвер Нагетс до славје од 127:117, славје број 46 во оваа сезона.
Јокиќ е познат по тоа што фантастично ја чита играта и знае да изведе потег во вистинско време, па рано утрово видовме нова магија од него, мајсторија која веќе дел од јавноста, публиката ја гледа како асистенција на годината во НБА лигата.

JOKIC WITH THE ASSIST OF THE YEAR?! pic.twitter.com/G0SNlLaNwS
— NBA TV (@NBATV) March 27, 2025

The post (ВИДЕО) Aсистенцијата на годината во НБА лигата му припаѓа на Јокиќ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: