ВИДЕО I Борусија по 10 години славеше против Баерн



Фудбалерите на Борусија Дортмунд вечерва во Минхен го победија домашниот Баерн со 2:0, во натпреварот од 27 коло во Бундес лигата.

Последен пат „милионерите“ славеа победа во Минхен после 10 години или точно 3641 ден. Ова е прва победа на Дортмунд против Баерн Минхен од 2014 година и прва по 2019 година.

Дортмунд поведе во 10 минута со голот на Карим Адејеми, а победата ја обезбеди Јулијан Руерсон во 83 минута.

Фудбалерот на Баерн Хари Кејн постигна гол во 89 минута, но по употребата на ВАР технологијата голот беше поништен поради офсајд.

Актуелниот шампион Баерн го претрпе петтиот пораз и е втор на табелата со 60 бодови, 13 помалку од водечкиот Баер Леверкузен, кој е единствениот непоразен тим во Бундеслигата.

По четвртата последователна победа, Дортмунд се наоѓа на четвртото место на табелата со 53 бодови и има три бода помалку, но и натпревар повеќе од третопласираниот Штутгарт.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: