ВИДЕО I Турски коментатор во транс по голот на Арда




Фудбалската репрезентација на Турција ја совлада Грузија со резултат 3:1, а натпреварот го одбележа вториот гол на Арда Ѓулер за својата репрезентација и неговиот прв личен гол досега на европските првенства.

При резултат 1:1, Ѓулер го постигна најубавиот гол за својот тим, а колку многу им значеше голот на турските навивачи покажа и експлозијата на ентузијазам на Сигнал Идуна Парк во Дортмунд.

Натпреварот на свој начин го одбележа и турскиот коментатор Озкан Озтурк кој го пренесуваше натпреварот од стадионот за платформата БПТ. Во моментот кога Ѓулер го постигна вториот гол, Озртурк целосно ја загуби контролата и падна во транс.

„Ардааааа! Ардааааа!¨Супер гол! Супер гол!“, извика Озтурк во микрофонот додека колегите го снимале, а видеото со голема брзина се шири на социјалните мрежи.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: