Фудбалската репрезентација на Англија ремизираше 1:1 со Данска во петокот, во второто коло од групната фаза на Европското првенство во Германија .Англичаните и овојпат имаа огромна поддршка од своите навивачи, но не успеаја да победат против непријатните Данци.Сепак, тоа не ги спречи англиските навивачи добро да се забавуваат, па во Франкфурт беа видени интересни сцени.Имено, еден пијан навивач спиел во седечка положба, а останатите присутни дошле на идеја да му стават чаша пиво на главата, во која ќе истурат уште додека стои на неговата глава.И тоа им успеа во неколку наврати, и секогаш кога некој ќе полие пиво, а чашата остануваше да стои, имаше воодушевување и смеа.Сепак, на крајот чашата сепак паднала, па дури и го „бањал“ со пиво видно опиениот Англичанец, кој сепак во тој момент не се разбудил.Можете да видите како изгледаше подолу.
England fans in Frankfurt today. This is quality… 👏🤣 pic.twitter.com/6diZAA6pQX— Football Away Days (@FBAwayDays) June 20, 2024