Видиќ: Роналдо му недостига на Јунајтед

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, истакнал дека нема да биде изненаден доколку Кристијано Роналдо, наскоро, се врати на „Олд Трафорд“.

Роналдо во 2009 година, по шест сезони минати во Манчестер Јунајтед, се пресели во Реал Мадрид за рекордна сума од 94 милиони евра. „Би сакал повторно да го видам тука. Тој е навивач на Јунајтед, иако не напушти, тој ги следи резултатите на тимот и не крие дека му недостига ова опкружување“, изјавил Видиќ за англиските медиуми. Поранешниот српски репрезентативец, ја допрел и дилемата кој е подобар Роналдо или Меси, тој предност му дава на Португалецот и на Жозе Мурињо. „Двајцата се одлични играчи, но Барселона последните години освои повеќе трофеи и мислам дека поради тоа Роналдо е ставен на страна. Тој може да игра во Англија, шутира со лева и десна, игра со глава, дрибла, едноставно може се. Не велам дека Меси не го може тоа, но начинот на кој игра Барселона, одговара на неговиот стил на игра“, рекол Видиќ.
Макфакс
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, истакнал дека нема да биде изненаден доколку Кр

Пронајдете не на следниве мрежи: