Видови пива што ги препорачуваат нутриционистите

Иако постои со векови, индустријата за пиво претрпе доста промени во текот на изминатата деценија откако на пазарот се појавија нови видови.

Нутриционистот и портпарол на Академијата за исхрана и диететика, Анхел Планелс, вели дека некои видови пиво можеби се подобри од другите, но умереноста е сепак клучна кога се консумира овој алкохолен пијалак. Сепак, овие видови се издвојуваат како подобри опции кога станува збор за пивото.

Светло пиво
Светлото пиво има помалку калории и помал процент на алкохол во споредба со стандардните пива. Исто така, овој вид најмалку му штети на црниот дроб, а вашето тело полесно го апсорбира.

Кисело пиво
Овој вид на пиво се прави со бактерии кои произведуваат млечна киселина, па може да биде малку кисело. Пивата со кисел вкус имаат помалку калории и алкохол, а може да содржат и пробиотици, кои се добри за дигестивниот систем.

Органско пиво
Органското пиво е како и другите органски производи. Не содржи никакви дополнителни хемикалии и е природно. Во споредба со другите видови пиво, органските пива содржат помал процент на алкохол и калории.

Безглутенско пиво
За луѓето кои се нетолерантни на глутен, а сакаат да уживаат во вкусот на пивото, имаат опција за пиво без глутен. Овој вид на пиво има малку поинаков вкус во однос на другите видови, бидејќи е посладок и поблаг по вкус.

Безалкохолно пиво
Доколку избегнувате алкохол, а го сакате вкусот на пивото, тогаш безалкохолното пиво е најдобрата опција за вас. Вкусот на безалкохолното пиво е речиси идентичен со стандардниот тип, а има и помалку калории.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.