Скопскиот рок бенд Визија ќе биде македонски претставник на годинашниов рок фестивал Складиште кој традиционално се одржува во Крушчич, Србија. На фестивалот пристигнаа голем број на пријави од целиот Балкан, но жири комисијата избра само по еден бенд од секоја екс-ју државa. Покрај 6-те бендови кои ќе се борат за признание, на фестивалот ќе настапи и српскиот бенд Atheist Rap. Покрај оваа вечер која ќе се одржи на 1ви јуни, еден ден порано ќе се одржи и воведен концерт на кој ќе настапат локални бендови од територијата на Србија.
Бендот Визија опстојува на македонската рок сцена од ноември 2011 година. Членови на бендот се: Марко Џамбазоски (Соло гитара/ придружни вокали), Марко Гапо (Вокал / Ритам гитара), Лилјана Јанкова (Бас гитара/ Придружни вокали), Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил. Во своето едно-ипол годишно постоење бендот бележи настапи на повеќе фестивали, концерти и манифестации, меѓу кои може да се издвојат настапот на Т’к – так фестивалот во Кавадарци, каде што бендот беше награден, престижниот скопски фестивал – Таксират итн. Визија, покрај активните подготовките за настапите кои следуваат на повеќе фестивали низ Македонија и на Балканот, подготвува и нов материјал кој ќе биде дел од планираниот албум.
Веб страна на фестивалот: https://www.skladistefest.org/Скопскиот рок бенд Визија ќе биде македонски претставник на годинашниов рок фестивал Складиште кој традиционално се од