Викендов во Скопје во 20 сообраќајки петмина тешко повредени

Еден тешко повреден велосипедист и четири пешаци, а 26 лица со лесни телесни повреди е билансот од  вкупно 20 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 11 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Во билтенот на СВР Скопје се наведува дека полицијата од сообраќај исклучила 109 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 48 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници и 33 возила кои биле нерегистрирани. За непрописно паркирање полицијата издала 191 мерка, а специјалното возило „пајак” подигнало 90 возила.
Казнети се и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, 16 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, осум возачи кои не дале превенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за неправнилно престројување, три возачи за неправилно престигнување, 28 за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велoсипед со мотор, мопед и мотоцикл, 14 за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила, и 29 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.