Викендов во Скопје прскање против комарци

Првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје, против возрасни форми на комарци, започнува викендов.
-Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива денеска и утре, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне утре (19 мај и ќе заврши најдоцна до 23 мај 2019 (од недела до четврток), во период од 23 до 4 часот, наредниот ден, соопштуваат од Град Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.