Викендов ќе започне летното сметање на времето.
Македонија и оваа година, како и сите европски земји, ќе премине од зимско во летно пресметување на времето. Стрелките на часовниците на 30 март во 02:00 часот ќе се поместат за еден час нанапред.
Иако во последните години многу земји се обидуваа да го укинат летното сметање на времето, Европската Унија во 2016 година покрена иницијатива за оваа променa, која, сепак, не беше успешна. Како резултат на тоа, летното сметање на времето ќе продолжи најмалку до 2026 година, кога може да се очекуваат нови дискусии на оваа тема.