Викендов посебен режим на сообраќајот на делови од “Партизанска“

На ден 01 и 02.06.2019 година (сабота и недела) на бул.„Партизански Одреди“ во раните утрински часови ќе се отпочне со изведување на градежно-монтажни работи за поставување на гасоводна цевка со попречен ископ кај крстосница помеѓу бул.„Партизански Одреди“, ул.„Манапо“ и ул.„Лондонска“.
Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници во град Скопје, при што сообраќајот по бул.„Партизански Одреди“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува лево по ул.„Љубљанска“ кон бул.„Илинден“ и десно по ул.„Московска“ кон ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, а сообраќајот што се движи од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува десно по ул.„Бледски Договор“ кон бул.„Илинден“ и лево по ул.„Париска“ кон ул.„Прашка“, информираат од МВР.За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по посочените сообраќајници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.