Викендов сончево време, од понеделник дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје претежно сончево, со минимална температура до 14, а максималната до 33 степени.
УХМР најавува дека и утре ќе преовладува сончево време со свежо утро, а потопло преку денот. Под влијание на влажен бран в понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура.

Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.

Поради сообраќајка регионалниот пат Струмица-Валандово е во прекин
АМСМ известува дека поради сообраќајна несреќа од од 06.40 часот регионалниот пат …
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денес?
Според курсната листа на НБРМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4897 …
Орбан: На барање на Унгарија создадена иницијатива „пријатели на мирот“
Групата „Пријатели на мирот“ на земји од глобалниот југ за решавање на …
Трамп: Израел треба да ги нападне иpанcките нyклеаpни поcтројки
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп смета дека Израел …
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.