Вики Миљковиќ во паника: Член од семејството е заразен од корона?

Пејачката Вики Миљковиќ овие денови поминува низ стресен период затоа што нејзиниот брат кој живее во Ниш е тестиран на коронавирус, пишува ало.рс
Имено, извор тврди дека тој имал симптоми на Ковид19, па токму поради тоа се одлучил да се тестира.
„Вики во последните денови поминува низ агонија бидејќи нејзиниот брат Владица беше на тестирање. Пред неколку дена почувствува благи симптоми и имаше температура, па веднаш се јави на сестра си и ја праша што да прави, дали да се тестира. Вики се обиде да го смири и го советуваше да се јави во болница. Таму го тестираа, а за неколку дена треба да ги добие резултатите“ вели изворот и додава дека пејачката поминува низ тежок период.
„Често се слуша со брат и, се труди да биде позитивна. Неизвесноста ја убива затоа што освен што се плаши за својот брат, се плаши и за луѓето кои ги познава. Не е исклучена можноста да отиде во Ниш и да му пружи поддршка“ тврди изворот и објаснува дека сопругот на пејачката постојано е покрај неа и тој и е најголема поддршка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.