Викторија Бекам отстрани неколку тетоважи од своето тело. Модната дизајнерка се појави на модните награди во Лондон, British Fashion Awards во фустан кој ѝ го открил грбот и тоа дека некои тетоважи исчезнаа од нејзиното тело.
Помеѓу нив беше и онаа посветена за нејзиниот сопруг Дејвид Бекам со хебрејски натпис “Му припаѓам на мојот сакан, а мојот сакан ми припаѓа мене”. Наводно со отстранување на тетоважите започнала во 2015 година.
Но, тоа не е сè. Викторија од зглобовите на рацете ги отстрани тетоважите со датумот кога ги обновиле заветите и латинскиот натпис “Повторно од почеток” кои ги истетовирала кога семејството Бекам се пресели во САД во 2007 година.
Наводно, според извори блиски до Бекам тетоважите повеќе не ѝ се допаѓале. Исто така она што беше актуелно после модните награди е и тоа дека Викторија и Дејвид речиси воопшто не зборувале за време на наградите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.