Викторија Бекам не може да го поднесе пријателството на Дејвид со некогашниот супермодел

Британскиот The Sun, пишува дека модната креаторка Викторија Бекам е лута поради пријателството на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам и некогашниот супермодел, Хелена Кристенсен.
Дејвид наводно е фасциниран од данската убавица, која има 50 години, а изгледа како негувана и младолика жена.
Хелена и Бекам се спријателиле во декември минатата година, на една забава во Мајами, каде заедно се фотографирале.


Некогашниот фудбалер бил на вечерно излегување и со 22-годишната манекенка Бела Хадид.
„Викторија е многу нервозна поради неговото дружење со познати жени. Таа сака да поминува повеќе време со неа“, рекол изворот за The Sun.
„Дејвид веднаш пронашол заеднички јазик со Хелена и останале во контакт“, додал изворот.
Хелена е блиска пријателка со најдобриот пријател на Дејвид, Дејв Гарднер и неговата сопруга, актерката Лив Тајлер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.