Во едно неодамнешно интервју, Викторија Бекам го коментираше нејзиниот избор да не се насмевнува на фотографиите и откри дека причината е нејзиниот комплекс поради проблеми со кожата.Модната дизајнерка и поранешна поп-ѕвезда претходно зборуваше за нејзините несигурности кои произлегуваат од проблематичната кожа склона на акни. Во едно неодамнешно интервју за Телеграф, таа на истиот проблем му ги препиша и нејзините строги изрази на лицето, велејќи дека секогаш се срамела да се фотографира бидејќи не се чувствувала доволно среќна за да се насмее.За време на интервјуто, Бекам откри дека побарала совет од експерт за нега на кожа и дека следела строг план за исхрана за да ја одржува нејзината кожа чиста.Зборувајќи за својот изглед, Викторија рече: „На многу слики веројатно изгледав строго, но ми беше толку непријатно“.Не само што нејзините јавни настапи беа погодени од нејзината несигурност, настрадаа и нејзините навики во исхраната. Викторија следи ограничена диета, а нејзиниот сопруг Дејвид Бекам претходно откри дека таа го јаде истиот оброк – риба на скара и зеленчук на пареа – секој ден веќе 25 години.Објаснувајќи ја својата одлука да јаде многу специфична диета, Викторија за споменатото списание изјави: „Поради мојата кожа станав многу внимателна за тоа што јадам“.Сепак, Викторија последните денови е многу посамоуверена и изјави дека дури и на неодамнешните јавни настани се појавувала без гламурозна шминка.„Да ми кажеше пред неколку години дека ќе одам по црвениот тепих за да прифатам награда облечена само малку коректор и без основа, ќе мислев дека си луд, но го направив тоа минатата недела“, изјави таа.
Пронајдете не на следниве мрежи: