Викторија Бекам со нова козметичка линија

Модната дизајнерка Викторија Бекам наскоро ќе ја претстави својата линија козметички производи и тоа го објави на Инстаграм и на својот Јутјуб канал.
– Сакам да се грижам за жените, како за нивната надворешност, така и за внатрешната убавина, така што ќе ги снабдам со потребните шминки, производи за кожа, аромати и витамини, за коишто чувстувам дека и јас имам потреба во мојот живот, изјави Бекам.


Ова е прв таков проект на дизајнерката по оној во 2016 година кога ја претстави својата шминка во соработка со Есте Лаудер, инспирирана од нејзините омилени градови – Лондон, Лос Анџелес, Њујорк и Париз.
– Шминкерка сум од свои 18 години. Ги гледам моите слики и научив што одговара, а што не, нагласи таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.