Викторија Лоба ни во четири ѕида не престанува да го прави ова

Поради вонредната состојба во Македонија, но и во регионот сме спречени да правиме работи кои сме навикнати односно оние кои беа дел од нашето секојдневие.
Карантинот на некои делува позитивно, на некои негативно, но важно е дека треба да останеме дома за наше добро и за спречување на шириње на Ковид 19.
Иако сме дома меѓу четири ѕида и не може да ги правиме секојдневните активности, сепак се наоѓа начин да го поминуваме времето.
Многу од јавните личности се активни на социјалните мрежи и ги известуваат следбениците за тоа како го поминуваат времето во вонредна состојба.
Некои готват, други читаа книги, гледаат филмови, одмараат уживаат. Меѓутоа, некои го користат и домашниот простор за да продолжат со физичките активности, односно да вежбаат и во услови на изолација.


Имено, македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба ни во четири ѕида не престанува да биде физички активна односно да практикува јога.
Неодамна, на „Инстаграм“ ја праша дали вежба посебно во ситуацијата, а Лоба одговори:
„Вежбам јога онлајн 3 пати неделно и плус неколку конкретни вежби за зацрвстување на телото“ напиша пејачката во описот на фотографијата каде прави пози на јога.
Со ова можеби таа ќе ги мотивира и инспирира сите кои сакаат да вежбаат во својот дом, бидејќи кога се сака се наоѓа начин.
За потсетување, Лоба не е единствена пејачка која продолжува со физичките активности, тука е и Елена Ристеска, како и многу други пејачки од регионот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.