Вини Харлоу, сега веќе светски познатата манекенка со необичен изглед, стана едно од зашититните лица на Викторија Сикрет и ќе можеме да ја гледаме на ревијата во ноември, оваа година.
Инаку, Вини е првиот модел со витилиго, со многу изразена депигментација на кожата, која ќе ја носи ревијата на овој престижен бренд.
Како што пренесува магазинот “Vogue”, Вини и минатата година се обидела да влезе во последниот изборен круг на ангелите на Викторија, меѓутоа среќата тогаш не била на нејзина страна. Оваа година успеала, и со многу емотивна порака на својот Инстаграм профил им се заблагодари на сите и им порача дека е во ред да бидеш различен и дека секогаш ќе се бори за што поголем број жени да стекнат самодоверба. Како свои идоли ги навела Наоми Кембел и Тајра Бенкс, во чие шоу учевствувала пред четири години, што всушност било и нејзина пресвртница за влез во светот на модата.
“Доживеав вистински нервен слом, пред да влезам во најтеснитот и најконкурентниот кастинг во мојот живот. Го замолив возачот два пати да поминеме по улицата, пред да влезам во Викторија Сикрет, за да можам да се соберам и да се потсетам колку напорно работев за ова!
Влегов, запознав нови луѓе и сретнав некои стари пријатели, па брзо се чувствував како дома.
Трпеливо чекавме жирито да ја запознае секоја од девојките. Кога конечно дојде моето време, со чувство на нервоза, поради неизвесноста, облеков црн комлет од Викторија Сикрет и излегов пред нив.
Зборував со нив за Јамајка, за моите стомачни и за тоа колку сум почестена што ја добив оваа прилика… И потоа се движев како животот да ми зависи од тоа!!!
Не можам да верувам! Ви благодарам за целата убава енергија во просторијата. Ви благодарам што ми дозволивте да одам за Викторија Сикрет! Ѝ благодарам на мојата агенција и мојот PR тим, вие сте ми како семејство! Благодарам мамо што се молеше за мене, последните три дена. И им благодарам на моите фанови кои ме турнаа до оваа точка во мојата кариера. Толку сум благословена, ти благодарам Боже!”, напишала Вини под фотографијата и исто така му се заблагодарила на магазинот “Vogue” на ексклузивното интервју и објавила видео од својата реакција, кога дознала дека ќе ја носи ревијата за овој престижен бренд.