Вили: Народот е свесен дека неправедно сме осудени и сите очекуваат правда за осудените од 27 април

На профилот „Слобода за Вили“, формиран за поддршка на Вилијам Михајловски осуденик за 27 април, се упати јавен аларм дека е време приоритет да биде ослободување на политичките затвореници. Михајловски посочува и на сомнежи дека во прашање е игра, наместо вистински намери за нивно повторно судење.

„Приоритет беше слобода за политичките затвореници односно правда и праведно судење!!! Се надевам дека од Септември ќе земете сериозно во предвид да го решите овој политички прогон кој не шета од институција до институција и ни ги потврдува казните и не прогласува за ТЕРОРИСТИ !!! Господа пред избори се збореше се за наша слобода сега се убедуваме дека да се стрпиме и да лежиме да се вратиме у затвор??? Ако немавме трпение во овие 7 години навистина не ви ја разбирам дефиницијата за трпение!! Истрпевме 7 години тортура и, психичка и физичка од страна на комуњарите,ДА за мене тоа е големо трпение!!!“, пишува на „Слобода за Вили“.

Потоа се додава: „Гневен сум на гнасите комуњарски кои не затворија но уште погневен ќе бидам на “нашите” доколку лежиме затвор во време кога ВМРО има апсолутно мнозинство а ние во затвор!. Народот е свесен дека неправедно сме осудени и сите очекуваат правда за осудените од 27 АПРИЛ‼️
ДАЈ ОДЛУЧЕТЕ СЕ ДАЛИ СТЕ ЗА ПРАВДАТА ДА ВЛАДЕЕ ИЛИ ДА ЛЕЖИМЕ?!?!? Народот е нашата сила. Нешто ми мириса на некоја игра која ќе видиме какви резултати ќе даде“.

Во предизборието, претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати ветување дека ќе ги амнестира сите осудени за 27 април.

Пронајдете не на следниве мрежи: