Вилмотс би се задоволил и со минимална победа

Фудбалерите на Белгија го одработија последниот тренинг пред квалификациониот натпревар со Македонија, кој ќе се одигра во вторник.

Добра вест за селекторот Марк Вилмотс е што за овој натпревар ќе може да смета на капитенот Венсан Компани.Играчот на Манчестер Сити е најавен во стартниот состав и тој ќе го одигра првиот меч по 26.јануари кога на дуелот со Стоук го повреди скочниот зглоб. Инаку Вилмотс не ја исклучува можноста да направи одредени измени во тимот во однос на екипата која го започна натпреварот во Скопје, на кој во саботата Белгијците победија со 2:0. Вилмотс, за медиумите во Белгија искажал респект кон македонската репрезентација. „Мора да го почитуваме противникот и да разбереме дека натпреварот нема да биде лесен. Ќе мора да бидеме трпеливи, Македонија прими само шест голови на петте натпревари во квалификациите, јас лично ќе бидам задоволен и со победа од 1:0“, рекол Вилмотс
Makфакс
Фудбалерите на Белгија го одработија последниот тренинг пред квалификациониот натпревар со Мак

Пронајдете не на следниве мрежи: