Винер Осигурување соопшти дека продолжува со одлични резултати

Осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп по сумирањето на финансиските резултати од деловната 2012, како и од почетокот на 2013 година соопшти дека продолжува со одлични резултати, остварувајќи континуиран и стабилен раст од квартал во квартал.

Компанијата соопшти дека ја завршила измината година со приходи од 630 милиони денари (10,2 милиони евра) и со рекорден добивка од 32 милиони денари (520.000 евра), што е за  60 отсто повеќе од претходната година. Растот продолжил и во 2013, па така Винер Осигурување само во јануари годинава остварила бруто полисирана премија од 100 милиони денари. Истовремено компанијата е лидер во решавањето на штетите и компанија со најмал број на нерешени штети во државата.Генералниот директор на Винер, Зоран Нарашанов, основата на постојаниот раст ја лоцира меѓу другото и во константното унапредување на високиот квалитет на услуга на клиентите, за кои вели дека се приоритет на компанијата. „Акцентот кој го ставивме на ефикасното и брзо решавање на штетите е вистински начин уште повеќе да се зајакне супериорната постпродажна усуга по која клиентите го препознаваат Винер на пазарот. И покрај константното зголемување на обемот на работа, и засилувањето на тимот со најквалитетните и најперспективните кадри на пазарот, успешно ги контролираме трошоците што ни обебзедува рекорден профит,“ вели  Нарашанов.Од компанијата уште додаваат дека се мошне задоволни што со успешната работа и одличните резултати успеале да придонесат групацијата на која припаѓа Винер, Виена Иншуренс Груп да ги зголеми инвестициите во Македонија и дека со преземањето на Кјуби Македонија, групацијата ќе го заземе лидерското место на пазарот.
Макфакс
Осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп по сумирањето на финансиските резул

Пронајдете не на следниве мрежи: