Винисиус Жуниор прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите




Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, е прогласен за најдобар играч во последното издание на Лигата на шампионите, во кое триумфираше „кралскиот клуб“. Реал во финалето кое се играше на „Вембли“ успеа да ја победи Борусија Дортмунд со 2-0.

Токму Бразилецот го постигна вториот гол, гарантирајќи го успехот на својот тим.
Винисиус Жуниор имаше ефект од шест гола и пет асистенции во Лигата на шампионите, а само Килијан Мбапе и Хари Кејн постигнаа повеќе голови од него, но никој нема повеќе асистенции.

Винисиус Жуниор е меѓу фаворитите и за освојување на „Златната топка“ оваа сезона.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: