петок, 27 ноември 2026
Најново

Винисиус ќе биде капитен на Бразил на мечот со Шпанија, средбата ќе биде посветен на борбата против расизмот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај


Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ќе биде капитен на Бразил на пријателскиот натпревар со Шпанија, пренесува „Глобо Еспорте“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Средбата која ќе се одржи вечер од 21:30 часот во Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде посветена на борбата против расизмот.

Вчера, Винисиус пушти солзи на прес-конференција откако беше прашан за дискриминација.

Претходно, крилниот напаѓач постојано беше подложен на расистички напади од навивачите на противничките тимови за време на натпреварите од шпанското првенство.

Пред десет дена на натпреварот со Реал, навивачите на Осасуна скандираа „Умри Винисиус“.

– Реклама –

Поврзани вести