Првите случаи на заразување луѓе со новиот сој на вирусот на птичјиот грип H7N9 беа регистрирани кон крајот на март а последните се забележани во кинеските провинции Фуцзјан и Цзјанси, објави државната комисија за здравство и планирање на семејството.Според оваа кинеска владина агенција, во провинцијата Фуцзјан заболен е 65-годишен маж, а во Цзјанси 75-годишна жена. Така, заклучно со петокот во Кина регистрирани случаи на зараза на луѓето со новиот сој на вирусот на птичјиот грип означен како H7N9 има во девет региони – на градовите Пекинг и Шангај, како и во провинциите Цзјансу, Чжецзјан, Анхој, Хенан, Шандун, Фуцзјан и Сенцзјан.Претходно во петокот беше соопштено за нови три случаи во провинцијата Цзјансу и уште еден заболен во провинцијата Чжецзјан, со што во петокот навечер се регистрирани вкупно 117 лица заразени со вирусот H7N9, од кои 23 луѓе починале.Кинеските научници сметаат дека се` уште не може да се зборува за преносливост на вирусот H7N9 од човек на човек. Исто така, не е забележана епидемиолошка врска меѓу сите случаи. Не постојат ниту пријави за масовно заболување со грипот H7N9 кај живината. Експертите се уверени дека смртоносниот вирус се уништува со термичка обработка и апелираат населението да не паничи, да ги одбегнува контактите со живи птици, како и повнимателно подготвување на продуктите од живина.
МакфаксПрвите случаи на заразување луѓе со новиот сој на вирусот на птичјиот грип H7N9 беа регистрирани кон крајот на март а