Високите температури причина за помор на лососи на Алјаска (ВИДЕО)

Според “Алјаска публик медиум“ од високите температури кои ја погодија Алјаска забележан е помор на риби. Експертите веруваат дека поради екстремно високите температури на реката Кускоким, лососите веројатно претрпеле срцев удар, затоа што не се навикнати на температури над 20 Целзиусови степени.
Во средината на јули, жителите на целиот регион Нортон Саунд пријавиле голем број мртви лососи, кои починале на патот кон мрестилиштето, а истата појава граѓаните ја снимиле овој месец во државниот парк “Кахемак Беј“.
На видеоснимките се гледаат мртви лососи кои пливаат на површината на заливот. Тие, исто така, биле на пат кон нивните мрестилишта, што значи дека умреле пред да ги положат своите јајца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.