Илјадници жители на Атина го наполнија крајбрежјето откако беше дозволено да работат над 500 плажи, пишуваат грчките медиуми.
Беа преземени сите мерки – да не се соберат повеќе од 40 лица на 1000 квадратни метри и чадорите за плажа да бидат оддалечени најмалку 4 метри. Од утре во Грција ќе се отворат музеите и ќе биде дозволено патување до островите. Земјата се надева дека ќе може целосно да ги пречека туристите од странство во јули.
Од рано утрово, редици луѓе чекаа за место на плажа, пушуваат грчките медиуми. Организираните плажи ја отворија сезоната со строго почитување на мерките, кафето е спакувано, а келнерите носат маски и нараквици.
Според предвидувањата на метеоролозите, температури од дури над 40 степени се очекуваат денеска и утре.
Министерот за развој најави дека од понеделник, 18 мај, ќе се отворат вратите и на трговските центри со дозвола на комисијата за контрола на ширењето на вирусот. Задолжителни маски ќе носта вработените и клиентите во затворените продавници.
Според извештаите на медиумите, кафулињата и рестораните веројатно ќе се отворат една недела порано од 25 мај.