Висок пораз за Македонија, само 20 минути ја издржавме Норвешка!

Не е изненадување, ниту разочарување тоа што Македонија го отвори Светското ракометно првенство со пораз од Норвешка, сепак боли високиот резултат со којшто беше изразен неуспехот на стартот од новата мундијалска авантура – загубивме со превисоки 27-39 (11-18).

Само 20 минути траеше рамноправниот отпор на Македонија, со него и неизвесноста на семафорот. Норвешка почна посигурно, а Македонија го даде првиот гол дури на истекот на петтата минута, но дотогаш прими само два гола и натпреварот уште беше отворен. Избраниците на Кире Лазаров не загубија глава ни кога противникот поведе со плус три, 6-3 во 12. минута, бидејќи наскоро потоа направија серија од 4-1 изедначија на 9-9 во 19. минута.

Пронајдете не на следниве мрежи: