Вистина или мит: Дали вежбање на студено време согорува повеќе калории?

Во текот на зимата консумираме калорична храна, уживаме во сето она што не сме го јаделе во текот на летото, а подоцна се криеме зад слоевитата облека.
Постојат истражувања кои сугерираат дека вежбањето на студеното време согорува повеќе калории. Но, дали е тоа вистина?
Вежбањето на студеното време ви помага да согорите повеќе калории, затоа што на студеното тело му е потребно повеќе енергија за да ја одржи потребната топлина. Имено, станува збор за процесот наречен термогенеза.
Еден од начините како телото ја одржува светлината е со треперење, мускулите несвесно се стискаат за да создадат топлина. Исто така, се активираат кафеавите масти кои за разлика од белите масти ги согоруваат калориите за да создадат топлина.
Телото троши повеќе енергија за да ја задржи температурата на телото кога надвор е студено. И треперењето и активноста на кафеавите масти ја зголемуваат вашата енергија, предизвикувајќи согорување на повеќе калории на ниските температури.

Но, овие процеси се зголемуват само доколку ви е студено, но кога ќе почнете со вежбање, ќе создадете топлина благодарение на физичката активост. На тој начин нема да согорите дополнителни калории со активирање на кафеавите масти.
Постојат три главни компоненти кои ви помагаат да согорите калории, а тоа се вашата основна стапка на метаболизмот или енергијата која се користи за основно функционирање кога телото е во мирување, енергијата која се користи за разградувањето на храната и енергијата која се користи во физичката активност.
Кај повеќето луѓе основна стапка на метаболизмот сочинува 60 до 80 проценти од вкупното трошење на енергијата. Разградувањето на храната сочинува околу 10 проценти.
Термогенезата е уште еден важен играч кој користи помалку од 5 до 10 проценти од вашето вкупно трошење на енергијата зависно од тоа колку време сте поминале на студеното време.
Доколку во зима консумирате калорична храна, најдобро е да се фокусирате на помали оброци затоа што на студеното време нема да согорувате калории толку лесно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.