Вистинита приказна за пријателот кој се запишал на Машински факултет во Германија

Пријател се запишува на Машински факултет во Германија. Полага тежок приемен испит. Првите 6 месеци нема ни часови, ни настава, ни испити. Го праќаат во фабрика во посебно одделение за студенти. Во работнични панталони, на стругање железо по цели денови!
Ама стругање до плускавци на рацете. Да го осетиш, велат. Оти ако не го познаваш во пракса, нема да можеш да го сфатиш во теорија. Како во логор да бевме, вели, некои дури и плачеа. Па кој издржи, издржи. Нема мамини и татини мази.
Се откажуваат дел од студентите. Тешко им е. Само најиздржливите продолжуваат до крај, или само до некаде. На крајот од макотрпниот пат, фирмите сами доаѓаат со понуди за работа на студентите и замислете… ич не им е важно кое дете чие е, туку само она – дали го бива или не.
Се сетив во моментот за кај нас, нема приемни испити, се запишува и завршува факултет и шуто и рогато за пари, не знае ни да се потпише, а камоли студира… За мизерната настава, праксата од 2 и пол дена на хартија со потпис преку врски, непостоечката врска со фирмите и вработувањето по принцип детево е малку неспособно, ама е син на Петко или Станко, дај да го пикнеме… и да не зборувам… се си знаете… невозможна мисија!
Ова, чисто како за пример, ако се прашувате случајно зошто Германија е врвна економија во светот, а нас сеуште не не бива и никогаш нема да не биде!
Фејсбук статус на Калина Коси

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.