Фрижидерите со замрзната храна се местото каде што се наоѓаат најбезбедните прехранбени производи. Со примена на нови методи во замрзната храна, од технологија до дистрибуција, овие производи стануваат се поприфатливи и препорачливи. Спротивно на општо прифатеното мислење, замрзнатата храна може да биде многу подобар избор доколку знаете што барате и каде да го најдете. Овде ќе пронајдете неколку вистини за користењето замрзната храна, но и неколку заблуди и зошто не треба да верувате во нив.
Најголемата заблуда во која верува поголем дел од општата популација е дека свежата храна е секогаш подобар избор од замрзнатата. Но, вистината е дека замрзнатата храна е исто толку, а во некои случаи и повеќе хранлива и поздрава според студија на универзитетот Џорџија.
Свежата храна најчесто се бере пред да созрее овошјето или зеленчукот, потоа се пакува, се испорачува и се продава. Времето потребно „свежата” храна да стигне на вашата трпеза може да трае и неколку денови, па дури и цела недела, а во текот на тоа време, таа ги губи хранливите материи, особено витамините и минералите. За разлика од овој процес, замрзнатата храна се бери кога е зрела и се замрзнува веднаш по бербата за само неколку часа, па на тој начин ги задржува хранливите состојки.
Уште еден мит во кој се верува е дека замрзнатата храна има многу адитиви и конзерванси. Всушност, замрзнувањето на храната како што е месото, како процес вклучува минимална обработка па затоа и ги задржува максимално хранливите материи. Токму затоа, замрзнувањето е еден од најбезбедните и најдобрите методи за зачувување на храната.
Можете да замрзнете речиси секаква храна! Исклучок се јајцата и храната во конзерва кои претставуваат едни од ретките видови храна кои не може да се замрзнат. Но, и храната во конзерва, кога ќе ја извадите може да ја замрзнете. Што значи дека навистина секоја храна може да се замрзне!
Колку и да ви звучи чудно, вистина е дека замрзнатата храна нема рок на траење. Замрзнатото месо може да не се расипе неопределено долго време според Каролин Пасерело, регистриран диететичар и нутриционист, портпарол на Американската академија за исхрана и диететика.
На крај, можеме да заклучиме дека замрзнатата храна е навистина здрав избор, доколку е правилно замрзната и чувана. Од нашиот домашен дистрибутер на замрзнати производи Слога Пром, велат дека за обезбедување на највисок квалитет на замрзнатата храна најбитни се условите во кои таа се чува, следењето на високите стандарди и знаењето за специфичните карактеристики на секој вид храна.