Вистинската љубов доаѓа кога си подготвен да се откажеш од егото!

Вистинската љубов доаѓа тогаш кога си подготвен да се откажеш од своето его поради среќа.
Кога попрво би избрал мир отколку да бидеш во право.
Кога ќе сфатиш дека не мораш никому да ја докажуваш својата љубов, ниту да внимаваш на минливото време на биолошкиот часовник.
Кога конечно ќе сфатиш дека интензитетот на љубовта не мораш да го докажуваш со љубомора, туку нејзиниот интегритет го чуваш такашто љубомора нема ни да има.


Меѓутоа, додека сѐ уште сме неискусни, грешките не само што ни се простуваат, туку некако и се подразбираат.
Мислиме дека љубовта постои само ако сме во епицентарот на нечие внимание, дека среќа е кога некој ќе ни признае дека сме во право, кога околината ни аплаудира затоа што ги исполнуваме очекувањата и кога сето тоа љубоморно го чуваме.
А потоа, на потешкиот начин сфаќаме дека тоа нема да оди баш така лесно…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.