Само еднаш во животот, и никогаш повеќе. Среќаваме личност која ни го освојува срцето од првиот момент, со која сите нешта се лесни и едноставни и со која среќата никогаш не нѐ напушта.
Некои луѓе не ја ни препознаваат ваквата љубов, за други пак доаѓа но не знаат да ја чуваат. Трети, тие се оние најсреќните и најретките – тие живеат со неа до крајот на животот. За нив, секој ден срцето чука посилно поради таквата љубов, само поради една личност.
Со таа личност споделуваме работи кои не сме ги споделиле со никого. Ги споделуваме соништата и надежите за иднината. Кога нешто убаво ќе ни се случи, тие се првите на кои сакаме да им се јавиме. Тие се луѓе кои никогаш не би нѐ повредиле, барем не намерно.
Наместо тоа, тие се оние кои ни даваат сила да продолжиме, кои ни даваат поддршка и нѐ охрабруваат да веруваме во себе. Тие луѓе се нашето најголемо богатство кое често не ни знаеме да го цениме. Со нив, не постои ниту љубомора, ниту пак притисок, ниту нервоза. Се е мирно и лесно како река која тече кон некоја своја цел.
Ако ја најдете оваа љубов, ако ја препознаете – никогаш не ја пуштајте да си отиде. Таа е најголемата љубов која ќе ја имате.