Вистинска празнична АТМОСФЕРА: Јелена Карлеуша покажа како ја УКРАСИЛА трпезата на Велики петок

Пејачката Јелена Карлеуша на Велики петок ја покажа празничната атмосфера во својот дом, а како што налага традицијата, бојадисала и велигденски јајца.
Карлеуша на својот Инстаграм профил објави видео од трпезариската маса со велигденски украси.
Во преден план е големо златно јајце, а има и зајаче со долга руса коса. Многумина коментираат дека неодоливо личи на пејачката бидејќи утрово објави слични фотографии.
Покрај зајачето, на трпезата има и велигденски колачи и чоколадни задоволства на кои секако најмногу им се радуваат ќерките Атина и Ника.
Освен слатки, Јелена сними и скап шампањ со натпис „ЈК“ од мали светкави камчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.