Вистинска среќа или фотка која ќе ги смири озборувањата?

По скандалот кој пукна на Божик Јелена Карлеуша ги спакува куферите, ги зеде ќерките и отпатува кај сопругот во Кина. Иако замина со надеж дека ќе ја смири ситуацијата по се што се случи, се уште не е сигурна дали тој преминал преку се што се пишуваше и зборуваше по медиумите.
Заради нејзиното ненадејно заминување веќе се одложи едно снимање на “Ѕвездите на Гранд“. Јелена денес би требало да се појави во студиото на Кошутњак. Нејзиното враќање во Србија е извесно, но дали била успешна и мисијата, е тоа, се уште е неизвесно.
Иако на фотографиите од прославата на роденденот на Душко, кои Јелена ги ставаше на социјалините мрежи сите четворица се беспрекорно дотерани, се делува како прослава на среќно семејство, многумина се прашуваат дали е навистина се така како што изгледа.
– Јелена не е сигурна дали Душко преминал преку се и и простил. Додека беа во Кина се делуваше вообичаено, но се чувствуваше тензија. Така беше до последниот ден на нејзиниот престој. Кога заминуваше кај Душко беше уверена дека брзо ќе ја преброди оваа ситуација, но по само неколку часа поминати таму сфатила дека ништо веќе нема да биде како порано, изјавува за српски медиум извор близок на брачниот пар.
Кога би ги набљудувал човек како се однесуваат еден кон друг без да знае за аферата, не би се посомневал дека нешто не е во ред со нивниот брак. Затоа Душко и не сакаше да става фотографии од прославата на роденденот, иако Јелена тоа го правеше. Нему и не му е толку до медиумска слава и не обрнува внимание на тоа што ќе речат луѓето, особено откако се најде во оваа ситуација. Не постои оправдување за однесувањето на Јелена, затоа тој се уште не донел конечна одлука – што понатаму. Тука најмногу ќе влијае неговата љубов кон ќерките, кои цело време се трудеше да ги заштити од скандалот. Јелена е свесна низ што се поминува нејзиниот сопруг по нејзина вина, па затоа е уште посвесна дека оваа приказна не е завршена, додава изворот за српскиот медиум.
Бидејќи аферата поприма континентални димензии и има секојдневно нови информации, се за КАРЛЕУША ПРОЧИТАЈТЕ СЕГА И ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.