На гала-премиерата на Бродвејската претстава „Good Night, and Good Luck“, верзијата на истоимениот филм од 2005 година, се појавија многу познати гости за да го поддржат авторот и главниот актер Џорџ Клуни, како и остатокот од актерската екипа.
Меѓу другите, внимание привлекоа и Пирс Броснан и неговата сопруга Кили Шеј Смит. Оваа долговечна холивудска двојка воодушеви со својата елеганција и наклонетост и погледите кои си ги упатуваа, со што уште еднаш потврдија дека имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд.
Пирс Броснан, познат по својот беспрекорен стил, се појави во класичен црн смокинг со бел елек и машна, комплетирајќи го изгледот со очила за сонце и златен часовник.
Неговата сопруга Кили заслепуваше во елегантен црн фустан со детали од тантела и проѕирни ракави украсени со рози, додека прекрасниот дијамантски ѓердан додаде допир на гламур. Двојката се држеа за раце и си разменија нежни погледи, со што уште еднаш докажаа дека годините не ги разделиле, туку дополнително ги врзале.
Нивната љубовна приказна трае повеќе од три децении, а во брак се од 2001 година. Иако често наидуваа на несоодветни критики поради промената на изгледот на Кили низ годините, Пирс секогаш нагласуваше колку ја сака и ја цени својата сопруга таква каква што е. Со помала тежина во помладите денови, како и сега со повеќе пред неколку години, тоа е сосема неважно.
Во индустријата каде што разводите се почести од долготрајните бракови, овие двајца се светол пример за вистинска и трајна љубов.
Броснан во неколку наврати изјавил дека Кили му била најголемата поддршка, особено во тешките моменти и дека никогаш не се навраќал на негативните коментари. Нивната приказна е инспирација за многумина, а нивното присуство на црвениот тепих секогаш предизвикува восхит бидејќи зрачат со искрени емоции и хармонија.