Вистински пекол на мечот Куманово-Кавала

„Кумани“ им приредиле вистински пекол на збунетите Грци.
Атмосферата на вчерашниот меч помеѓу Куманово и грчката Кавала во рамки од Евохолд Балканската лига(БИБЛ) била пеколна и на кошаркарите од Кавала им делувала многу збунивачки, па дури на моменти незнаеле каде се наоѓаат.
Кумановските кошаркари заслужија искрени пофалби за синоќешната игра и за победата против екипа која доаѓа од земја што е поранешен европски шампион, а и нивните навивачи познатите „Кумани“ заслужија пофалби за поддршката која неизмерно им ја пружија на своите миленици во текот на целот меч. Тие имаа неколку транспаренти кои дополнитено ги возбуди противниците, бидејќи потекнуваат од земја со која имаме дводецениски ирационален проблем со името на државата.
Со оваа победа екипата од Куманово ги зголеми шансите за пласман на завршниот турнир од БИБЛ-лигата. Тие во моментов имаат скор 4-3 , а до крајот на ТОП 6 фазата треба да одиграат уште три натпревари од кои два на домашен терен на кои сезонава се непоразени во балканска конкуренција.  Само со триумфите пред своите навивачи на средбите против бугарски Рилски спортист (13 март) и црногорски Теодо (27 март) избраниците на Луковиќ ќе бидат речиси стоотстотни учесници на фајналфор-турнирот чиј домаќин дополнително ќе биде одреден.„Кумани“ им приредиле вистински пекол на збунетите Грци.
Атмосферата

Пронајдете не на следниве мрежи: